вести

Меџитлија и Стар Дојран затворени поради штрајк на грчките земјоделци

Граничните премини „Меџитлија“ и „Стар Дојран“ денеска повторно во одредени временски интервали ќе бидат затворени за сообраќај поради штрајк на грчките земјоделци.

medzitlija i star dojran zatvoreni poradi shtrajk na grchkite zemjodelci

 

Автомото сојузот на Македонија информира дека сообраќајот на граничниот премин „Меџитлија“ беше во целосен прекин од 11 до 14 часот а ќе биде и од 19 до 22 часот, додека граничниот премин „Стар Дојран“ беше затворен од 11 до 14 часот и ќе биде повторно од 19 до 21 часот.

Демонстрантите грчки земјоделци ја блокираа работата и на граничниот премин Маказа, откако повеќе од десет дена создаваат проблеми на поминувањата низ Кулата-Промахон и Елинден-Ексохи, пренесува дописникот на МИА од Благоевград.

15 км е редицата од ТИР-ови од бугарската страна,  а чекањето на  камиони е од Кулата до Дамяница. Товарните возила не се  пропуштаат преку граничниот премин од вчера на пладне. Слична е ситуацијата и од грчката страна, каде бугарски возачи сигнализираа дека втор ден стојат на 10 километри пред границата,  без храна и вода, и побараа интервенција на Министерството за надворешни работи за испраќање нота до грчката страна поради блокадите. Возачите се жалат дека нема кој да им помогне. Тие  ги алармираа и медиумите, бидејќи не добиваат одговор на молбите кон официјалните власти. Во меѓувреме од прес-центарот на МВР соопштија: На  граничниот премин Илинден нема да бидат пропуштани возила во интервалите 10.00 – 15.00 часот и 17.00 – 22.30 часот. Останува ограничувањето за премин и  на камиони преку граничниот премин Кулата-Промахон во двете насоки. Од 16.30 часот вчера лесните автомобили и автобуси поминуваат низ КГПП-Кулата.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close