fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Меѓу 25 и 30 проценти од македонското население е во енергетска сиромаштија

Тоа не е проблем што може да се реши со субвенции или со давање финансиска поддршка.

Меѓу 25 и 30 проценти од македонското население е во енергетска сиромаштија. Но, тука не спаѓаат само оние луѓе кои по дефиниција се под прагот на сиромаштија, туку и оние што живеат во семејство со ниска економска активност поради недостигот на пари да ги опслужат плаќањата поврзани со енергија во домот, беше речено пред денешната презентација на Прирачникот за енергетска сиромаштија во земјава.

Според статистиките на Еуростат, во 2020 година една третина до една четвртина од луѓето во земјава можеле задоволително да го загрејат домот.Како што истакна Ана Стојиловска од „Аналитика“ која е и автор на Прирачникот, се очекува оваа бројка да се зголеми за 2021, 2022 и 2023 година.

-Енергетскатата сиромаштија треба да заземе централно место во агендата на државата. Тоа не е проблем што може да се реши со субвенции или со давање финансиска поддршка. Напротив, мора да се работи на подобрување на системот за социјална заштита, како и на подобро регулирање на енергетскиот сектор за граѓаните да учествуваат во енергетската транзиција. Тука би ја спомнала „праведната енергетска транзиција“ која подразбира да не одиме само со замена на фосилни гприва со обновливи извори, туку да се демократизира енергетскиот сектор – да се овозможи граѓани да произведуваат струја, да ја трошат и да ја продаваат, но и да бидат дел од енергетските задруги, рече Стојиловска.

Билјана Дуковска од Македонската платформа против сиромаштија истакна дека има постојана неконзистистеност и некоординираност на политиките во оваа област.

-Или ќе ја превенираме енергетската сиромаштија со правилни мерки и политики или нееднаквоста, односно разликата во домаќинствата ќе биде уште поголема, подвлече Дуковска.https://nezavisen.mk/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close