fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Мелничарите алармираат дека нивните резерви од пченица се за период од неколку дена, пишува Плус инфо

Нашите резерви се при крај и е неизвесно што ќе се случува натаму, вели претседателот на здружението на мелничка индустрија на Стопанската комора, Горан Малишиќ..

Мелничарите алармираат дека нивните резерви од пченица се за период од неколку дена.

– Нашите резерви се при крај и е неизвесно што ќе се случува натаму. Имаме потпишано договори за испорака на пченица од Србија со добавувачи од таму, но поради забраната за извоз, тие не се реализираат во овој период. Има најава дека забраната ќе биде крената, но не се знае кога – вели претседателот на здружението на мелничка индустрија на Стопанската комора, Горан Малишиќ.

Според него, поради договорените количини со Србија и повисоката цена која се нуди од бугарските трговци, моментално не е можна нова набавка на пченица.

– Дел од мелниците имаат договори и со бугарски добавувачи, но традиционално поради пониската цена мелниците договараат увоз на пченица од Србија. Договорите се активни и очекуваме да се реализираат – додава тој.

Во врска со информацијата дека министерот за земјоделство Љупчо Николовски вчера договорил дополнителен увоз на пченица од Бугарија, Малишиќ вели дека не знае за кого ќе се увезува.

– Најверојатно државата планира да увезува пченица од Бугарија, бидејќи ние како приватен сектор немаме договорени количини од Бугарија. Дел од мелниците имаат договори и ги реализираат. Значи ние како приватен сектор самите треба да потпишеме договори за набавка на пченица од оваа земја. Но, имаме активни договори со српски добавувачи и чекаме да се реализираат набавките – појаснува Малишиќ. Повеќе на линкот .https://plusinfo.mk/melnicite-nemaat-pchenica-vladata-ne-gi-aktivira-rezervite-se-nadeva-na-dobra-vol-a-od-srbi-a/

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close