fbpx
Вести

Мерки за поддршка на градинарството

oranzerii

Во 2018-та година градинарите субвенциите ќе може да ги добиваат по четири основи. Финансиската поддршка ќе следува за производството на отворено, за производството во пластеници и во оранжерии, како и за предадениот зеленчук во домашните преработувачки капацитети.

Градинарите кои произведуваат зеленчук на отворено и во пластеници на најмалку 0,2 хектари имаат право на субвенција од 30.000, а 36.000 за површини од 0,7 до 5 хектари. За лубеници, дињи и тикви ќе се добиваат по 6.000 денари.

Дополнителни директни плаќања ќе можат да добијат производителите на домати, пиперки, краставици и на режано цвеќе во оранжерии.

Висината на поддршката од 99.000 денари по хектар е за производството продадено на домашен пазар или извезено во странство во периодот од 1 јануари до 15 мај 2018 година.

За зеленчукот предаден во конзервната индустрија од 26 декември 2017 до 25 декември 2018 година, се добива по 3 денари за килограм.

За производителите на декоративни и брзорастечки садници субвенцијата е 6 000 денари по хетар.


 

мрт

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close