fbpx
ВестиМакедонија

Падна акцизата поевтине дизелот, ама точиме поскапи бензини

За половина денари поскапеа од денеска бензините од Еуросупер од 98 и од 95 октани.

За половина денари поскапеа од денеска бензините од Еуросупер од 98 и од 95 октани. Согласно одлуката на Регулаторната комисија за енергетика од вчера, малопродажните цени на дизелот и на екстра лесното масло за домаќинство се намалуваат за половина денар. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,550 денари за килограм. Инаку Регулаторната комисија за енергетика соопшти дека поради растот на цената на нафтата на берзата се исполниле условите да се намали акцизата за еден денар за литар за ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на  Екстра лесното масло.

Еве ги бензините

Моторен бензин  ЕУРОСУПЕР БС – 95            60,50 (денари/литар)

Моторен бензин  ЕУРОСУПЕР БС -98             62,50  (денари/литар)

Дизел гориво  ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V)           53,00 (денари/литар)

Масло за горење  Екстра лесно 1 (ЕЛ-1)        53,00 (денари/литар)

Мазут М-1 НС 28,837  (денари/килограм)

https://faktor.mk/padna-akcizata-poevtine-dizelot-ama-tochime-poskapi-benzini

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close