Мерките за подобрување на вработеноста не го спречуваат одливот на млад кадар
Висока стапка на невработеност кај младите лица
Сѐ поевидентна е емиграцијата на висококвалификувана работна сила позната како „бреин дрејн“ или „одлив на мозоци“, односно недостиг на определени профили на кадри што најчесто емигрираат од државата во поразвиените држави како медицински кадар, инженери, ИТ-експерти, стручни лица и научници, студенти од техничките и природните науки, е најважната констатација од најновиот Извештај на Државниот завод за ревизија, кој го опфаќа периодот од 2017 до 2020 година.
Висока стапка на невработеност кај младите лица
Високата стапка на невработеност кај младите лица (од 39,2 отсто во 2017 година, 37 отсто во 2018 година и 30,5 отсто во 2019 година) наметнува потреба од преземање мерки кои имаат за цел подобрување на нивната состојба на пазарот на трудот, пред сѐ преку олеснување на преминот од образование кон вработување. За справување со предизвиците со кои се соочуваат младите лица и нивната недоволна вработеност, Владата на РСМ во 2018 година предвидува реализација на мерка насловена како Гаранција за млади (ГМ), потсетуваат ревизорите.https://www.slobodenpecat.mk/merkite-za-podobruvane-na-vrabotenosta-ne-go-sprechuvaat-odlivot-na-mlad-kadar/