Месарниците во Франција бараат полицијата да ги заштити од „насилните вегани“

(Oвој напис е објавен на: June 26, 2018)

Француското национално здружение на месарниците побара полициска заштита од министерот за внатрешни работи, Жерар Коломб, поради напади од група вегани кои се против јадењето месо и одгледување добиток заради исхрана.

– Сметаме на вашите услуги и на поддршката од Владата во тоа што побрзо да престане физичкото, вербално и морално насилство кое го трпат месарите – се вели во писмото од 22 јуни, потпишано од претседателот на Француската конфедерација на месари, Жан-Франсоа Гијар.

– Речиси 18.000 касапи во Франција се загрижени поради последиците од претераното медиумско промовирање на веганскиот начин на живот – изјави тој.

 


 

24мк

Share Button