Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести
Струмичките земјоделци денес на нова средба со министерот Серафимовски
Се надеваме дека овој состанок ќе вроди со плод и ќе извлечеме најдобро можно решение, ВО СПРОТИВНО СРЕДА 12.08.2026 ПРОДОЛЖУВАМЕ СО ПРОТЕСТИ И БЛОКАДИ КАДЕ ЗА ДЕТАЛИТЕ ЌЕ ВЕ ИЗВЕСТИМЕ ДОПОЛНИТЕЛНО!, објавија од „Месно дружение на млади Муртино“
„Месно дружение на млади Муртино“ организатор на протестите на производоителите на пиперка – куртовска капија во Струмичко денеска објави дека претставници на здружението ќе остварат средба со министерот за земјоделие Борче Серафимовски. Од исходот од средбата ќе зависи дали протестите на земјоделеците ќе продолжат и утре. Земјоделците производители на пиперка – кутовска капија не се задоволни од откупната цена на преработувачките капацитети кои на откуп нудат 25 денари за килограм.
„Почитувани земјоделци и поддржувачи, после средбата на министерот со преработувачите, доцна синоќа добивме официјална покана за втор состанок со министерот на кој ќе присуствуваме тој и ние земјоделците.
Состанокот ќе се одржи вторник наутро во 09:00. На основа на претходните разговори со министерот, на овој состанок очекуваме конкретна понуда односно предлог решение за проблематиката со која што се соочуваме и за кој сплотени застанавме заедно.