fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Мицкоски потврди -Васко Ковачевски не e во државата, но очекувам да биде обезбеден

Постои основано сомнение дека направиле криминал од околу 6,5 милиони евра

Поранешниот генерален директор на ЕСМ Васко Ковачевски не е во државата, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски. Ковачевски е еден од осомничените по кои трага полицијата во денешната акција на Министерството за внатрешни работи (МВР) и Обвинителството за борба против организиран криминал и корупција ( ОЈО-ГОКК). Станува збор за истрага поврзана со јавни набавки и снабдување со адитиви за РЕК Битила и ТЕЦ Осломеј.

„Не е во државата подолго време но очекувам и да го обезбедиме и да го вратиме во државата“, одговори кусо Мицкоски на новинарско прашање на прес конференција.

„Од информациите кои ги имам и сум запознаен од страна на МВР, станува збор за добро организирана група на високи претставници на компанијата и лица кои управуваат со други правни субјекти, за кои постои основано сомнение дека направиле криминал од околу 6,5 милиони евра. Многу докази се најдени, но тоа ќе го оставам на обвинителството, на судовите. Мора да веруваме на презумпцијата на невиност. Бевме обвинувани дека многу малку органите на прогонот превземале чекори во насока на обезбедување на лица кои се организирале или индивидуално постојат сомневање дека сториле криминал. Ние баравме трпение бидејќи мора да имаме јасна процедура и докази, но и да соработуваат двата клучни столба, а тоа се обвинителството и судството. Таму сѐ уште постојат структури кои се повеќе лојални на претходната влада отколку на правдата. Како да гледам полека во последно време, сѐ повеќе се приближуваат да и бидат лојални на правдата отколку на тие на кои претходно им слугувале“, додаде премиерот.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close