fbpx
ВестиТоп вести

Микробиолошки анализи на готови производи

 

Дали храната која се консумира е безбедна за јадење и дали ги задоволува стандардите за квалитет може да се провери само со микробиолошка анализа.

Анализата на готовите производи и суровините  кои тој ги содржи се од голема важност. Анализите се обврзувачки особено за оние производи кои се наменети за извоз.

Лабораторијата „Пронализ“ Струмица ги извршува сите потребни Микробилошки анализи на готов производ:

Сулфидно-редуктивни анаеробни (клостридии)
Аеробни мезофилни бактерии
Listeria monocytogenes
Sallmonella spp
Enterobacteriaceae
Коагулаза позитивни стафилококи
Квасци и мувли

Фабриката за конзервирање на овошје и зеленчук  “Бакалески  промет” редовно врши анализа на своите производи во лабораторијата  „Пронализ“ од Струмица. Сопственикот на оваа фабрика Бранко Петрески  вели дека редовно ги извршува анализите не само заради законската обврска, туку и за него да биде сигурен во квалитетот што им го нуди на своите комитенти.

-Производите  на „Бакалески промет“ претежно се наменети за извоз, во земји каде постојат ригорозни прописи за безбедност и квалитет на храна.  Станува збор за традиционални производи  кои се многу барани: два вида ајвар ( еден само со црвена пиперка и друг со пиперка и црн патлиџан), закуска, лутеница, малиџано,корнишони, феферони, полнети пиперчиња со изварка, листови зелка, разни видови на туршија и др. производи. Најмногу извезуваме во Америка, но нашите производи ги има и во Швајцарија и Австралија. Анализите ги правиме не само заради  законската регулатива  туку за нас, да бидеме сигурни во исправноста и квалитетот  на производите што ги нудиме, вели Бранко Петрески.

Од своето постоење, за потребите на фабриката правеле анализа во повеќе лаборатории, но соработката со „Проанализ“ Струмица трае бидејќи оваа лабораторија им ги задоволува  сите нивни барања.

-Имаме ново  позитивно искуство со „Проанализ“ Струмица. Задоволни сме од соработката со оваа лабораторија. Ги  извршуваат сите потребни анализи кои ни се неопходни, точно, брзо  и професионално.

Достапни  се 24/7, сами ги земаат мострите  и резултатите  се навремени и пропратени со препораки од нивните стручни лица, додава Петрески.

Фабриката  „Бакалески промет“ е основана 2016 и  наоѓа во индустриската зона во с. Славеј, Кривогаштани. Фабриката е специјализирана за преработка на производи од висококвалитетни суровини (зеленчук) кои потекнуваат од пелагонискиот регион. Има широк асортиман на производи направени според традиционалните македонски рецепти.

Фабриката го имплементира системот IFS кој го гарантира квалитетот и безбедноста на производите. Направените анализи во „Проанализ“ го потврдуваат тоа.

П. Јовановска

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close