Милиони се вратат во бизнисот со цигари
Нашиот тутун е состојка во многу светски брендови на цигари, а некои од нив се произведуваат и кај нас.
Одгледувањето тутун во Македонија има долга традиција, па затоа не е чудно што го нарекуваме жолто злато. Нашиот тутун е состојка во многу светски брендови на цигари, а некои од нив се произведуваат и кај нас. Во Македонија царува и трговијата со тутун, а тоа го потврдува анализата што ја направи Пари во соработка со Бизнис мрежа. Според податоците коишто се однесуваат на дејноста со шифра 46.35, т.е. трговија на големо со производи од тутун, десетте бизнис-лидери во овој сектор лани оствариле заеднички приход од 402,6 милиони евра, вкупен профит од 15,2 милиони евра, а сето тоа е изведено со 1.016 вработени. На списокот се и фирми што тргуваат и со многу други производи, но повеќе од половина од приходот им доаѓа од продажба на цигари, па токму затоа тука е Пекабеско, објави pari.com.mk.
ЕКСПАНДА РАБОТИ СЀ И СЕШТО, АМА ЦИГАРИТЕ Ѝ СЕ „КОЊАК“
Со 8.037.643.203 денари (130,6 милиони евра) на самиот врв е Друштвото за производство, промет и услуги Експанда ДООЕЛ увоз-извоз Скопје.
Експанда во 2014 година потпишала договор за заеднички вложувања со Филип Морис Тутунски комбинат Прилеп, но покрај цигари, компанијата дистрибуира и производи на телекомуникациската А1, а има договор и со Ред бул, како и со Државната лотарија. Од 2022 година започна соработка и со Олеум, производител на маслиново масло.
На второ место е Пекабеско, каде што освен квалитетните сувомесни производи, успешно се води и работата со дистрибуција и продажба на цигари, што на Друштвото за трговија, производство, услуги, шпедиција, увоз-извоз му обезбедило 5.540.269.400 денари (90 милиони евра) на приходната страна.
Обично, асоцијација за цигари во Македонија е Филип Морис или Тутунскиот комбинат во Прилеп. Сепак, друштвото за производство и трговија со тутунски производи Филип Морис Тутунски комбинат Прилеп е на третото место со минатогодишниот приход од 3.198.551.400 денари (52 милиони евра).
Целиот текст на pari.com.mk