fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Милионски штети од пожарите, потребни се пет децении за обнова на шумите

Во изминатите 2 години штетата од пожарите изнесува околу 14 милиони евра.

Во изминатите 2 години штетата од пожарите изнесува околу 14 милиони евра. Штетата од овогодинешните пожари допрва ќе се утврдува. За обнова на опожарената површина, според Македонски шуми, потребни се 50 години.

Штетите од пожарите кои се уште се активни низ земјата ќе се знаат откако тие ќе бидат локализирани, но ако се земат предвид бројките од претходните години се работи за милионски суми. Илјадници хектари шума се уништија во изминатиот период, а надлежните се уште се борат со огнената стихија. Од 3 август се воведе забрана за движење во шумските предели низ земјата.

Директорката на Јавното претпријатие Национални шуми Јулиана Николова вели дека во моментот не може да се утврдат штетите бидејќи треба да заврши процесот за да може истата да се пресмета. „По завршувањето на стихијата ние имаме екипи коишто излегуваат на терен кои што утврдуваат штетата која што е направена и материјална и финансиска и пошироко. Тука зависи од видот на дрвата и на каква површина се така што ние ќе ги направиме сите проценки после завршувањето на огнената стихија“, вели Николова.

За две години штети од 14 милиони евра

Во 2020, според годишниот извештај на Македонски шуми во земјата имало имало 102 пожари. Вкупно била опожарена површина од 1.233 хектари. Oпожарената дрвна маса изнесувала 8.138 м3. Додека пак била причинета штета од околу 1 милион и 300 илjaди евра.

„Што е значителна бројка која што е штета не само за претпријатијата и за државата она што може да се измери во материјални средства. Штетата што е многу поширока во смисла на екосистемски штети е огромна и ненадоместлива“ истакнува Николова.https://www.slobodnaevropa.mk/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close