Минатата година најмногу се купувало земјоделско земјиште
Минатата година најмногу се купувало земјоделско земјиште
Во минатата година најмногу се тргувало земјоделско земјиште. Според податоците од Регистарот на цени и закупнини што го води Агенцијата за катастар на недвижности најмногу се тргувало со земјоделско земјиште. Како што објавува Вечер во првите девет месеци од минатата година биле купени вкупно 11.669.588 квадратни метри земјоделско земјиште. При купувањето на земјиштето биле потрошени околу 31 милион евра, што значи дека во просек еден квадрат земјиште чинел 2,6 евра.
Најмногу се продавало во првите три месеци кога биле продадени над пет милиони квадрати земјоделско земјиште за во наредните две тримесечја трансакциите да се стабилизираат на нешто над три милиони квадрати.
Од вкупниот број трансакции со сите видови недвижности во првата половина од годината на трансакциите со земјоделско земјиште отпаѓаат по 35 процента, што во однос на крајот на 2018 година е зголемување за два процентни поена, додека пак во третиот квартал има драстичен пад од седум проценти на учеството на земјоделското земјиште на пазарот на недвижности и негово сведување на 28 проценти, се вели во објавата на Вечер прес.
П.Ј.