
Вести
Зголемување на субвенциите
Професионалните земјодеци дополнително ќе се субвенционираат од државата. Кај три категории на производители ќе има и зголемување на финансиската поддршка од 5 до 20 проценти.
Вкупно 10 милиони денари се обезбедени за младите и за професионалните земјоделци.
Доколку фармерот е до 40 години, ќе добие плус 10, а 5 проценти ќе добијат правните лица како земјоделско стопанство.
Третата категорија со поголема финансиска поддршка се регистрираните индивидуални земјоделци или регистрираниот земјоделец согласно Законот за пензиското и инвалидско осигурување.
За нив, субвенциите се поголеми за 20 насто.
Зголемената финансиска поддшка не се добива автоматски туку за неа при поднесување на субвенциите треба да се достави и посебно барање.



