fbpx
Вести

Минатата година Русија го дуплираше извозот на месо

russia

Во 2016-та година, Русија го зголеми двојно извозот на месо, информира „Известија“. Побарувачката на производството е зголемено во Азија, главно во Хонг Конг и Виетнам.

Во блиска иднина се очекува да започне извоз за Иран и Сингапур, откако претставниците на властите на двете земји ќе го прегледаат производството.

Според податоци на Федералната царинска служба извозот на месо и месни производи од Русија минатата година достигна 174.000 тони, или 219 милиони долари. Во 2015-та година извозот бил 96.000 тони, или 119 милиони долари.

Растот на извозот стана можен заради стабилизација на рубљата, вели шефот на Националната месна асоцијација Сергеј Јошин.

Околу 50% од извозот на месо и месни производи паѓа на пилешкото. Извозот на свинско и соодветните производи е со удел од 38%, а останатите 10% се крупен и ситен добиток. Зајачкото и коњското месо имаат незначителен удел во извозот.


 

денар.мк

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close