![](https://zelenaberza.com.mk/wp-content/uploads/2019/01/50969917_2336136899941169_3861391790577811456_n.jpg)
Николовски на средба со експертот Хартвигсен – Реформи во земјоделското земјиште
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски денеска оствари средба со експертот на Организацијата за храна и земјоделство при Обединетите Нации ФАО за земјишни политики, Мортен Хартвигсен.
На средбата било разговарано за планираните реформи во делот на управување со земјоделското земјиште и земјишната политика во земјава.
Анализите на тимот од ФАО и стручните лица од Министерството покажуваат дека е потребно формирање на Агенција за земјоделско земјиште за ефикасно и транспарентно управување со земјоделското земјиште, констатира Николовски.
Крајната цел ќе биде олеснување и регулирање на пазарот на земјоделско земјиште, ставање во функција на обработливото земјоделско земјиште, со што директен бенефит ќе имаат земјоделците кои што сакаат да го прошират своето производство и сите останатите заинтересирани субјекти кои што сакаат да инвестираат во агросекторот.