fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Минималната плата ќе оди нагоре, ќе растат ли и цените?

Пазарните и трудовите инспектори од петок ќе бидат на терен.

Од 1 март дел од граѓаните се надеваат на повисока минимална плата, но во исто време и стравуваат од нов ценовен шок, кој би можел преку ноќ да ја „изеде“ минималната корекција на платите.

Откако Министерството за економија најави дека до 1 март повеќе нема да биде на сила мерката за гарантирани цени, стравувањата се дека повторно би можеле неконтролирано да рипнат цените на основните производи. Министерот за економија Крешник Бектеши спасот го гледа во носењето на законот за забрана на нефер трговски практики со кој, според него, ќе се стави ред во нелојалната конкуренција во трговијата и ќе доведе до намалување на цените на прехранбените производи.

Пазарните и трудовите инспектори од петок ќе бидат на терен. „За секое евентуално зголемување на цени што излегува од секоја нормална пазарна логика  соодветно ќе реагираме“, вели вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи.

Според него, секое неетичко однесување на кој било трговец ќе се казни на најсериозен начин.https://www.dw.com/mk/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close