fbpx
ВестиМакедонијаТоп вести

Минимум 3000 евра а амксимум 1.500.000 евра може да се добие за Меркa 1 од ИПАРД 2

 

Минималната вредност на вкупно прифатливите трошоци на предложената инвестиција за оваа мерка не може да биде пониска од 3.000 евра во денарска противвредност не вклучувајќи го ДДВ, додека максималната поддршка која може да биде доделена на еден корисник под оваа мерка изнесува 1.500.000 евра во денарска противвредност не вклучувајќи го ДДВ за целиот период на спроведување на Програмата.

Вкупната финансиска поддршка во рамки на оваа мерка изнесува 60% од вкупните прифатливи трошоци на инвестицијата, Процент што може да се зголеми до 70%.

Процентот на кофинансирање ќе се зголеми за 10 процентни поени за делот од инвестицијата кој се однесува на:

  • Инвестиции во системи за складирање и управување со арско ѓубре (пример:, третман, понатамошно користење и сл.);
  • Инвестиции за подобрување на ефикасноста во употребата на азотни ѓубрива (пример: намалена употреба, опрема за прецизна употреба на ѓубрива и сл.);

Инвестиции во објекти/опрема чија цел е подобрување на енергетската ефикасност (пример: употреба на градежни материјали кои ја намалуваат загубата на топлина);

  • Инвестиции во објекти/опрема за производство на био-енергија во случај на обработка на производите (суровините) опфатени со Анекс I од Договорот со ЕУ (обработка на животинска или растителна примарна и секундарна биомаса) (Анекс I од Договорот со ЕУ може да се превземе од веб страната на Агенцијата ipardpa.gov.mk);
  • Инвестиции во објекти/опрема за производство на енергија од други обновливи извори на енергија за задоволување на сопствените потреби за енергија на земјоделското стопанство;
  • Инвестиции во објекти/опрема за третман на отпадни води/канализација.

Напомена: Зголемувањето на процентот на финансиската поддршка за 10 процентни поени се однесува само за делот на инвестицијата заради кој се врши зголемувањето на поддршката, а не за целосно предложената инвестиција.

Прифатливи инвестиции

Следните сектори се прифатливи за поддршка со оваа мерка:

  • Сектор за растително производство: (1) житарици, (2) индустриски и фуражни култури, (3) градинарски култури (вклучувајќи и компир), (4) повеќегодишни култури (овоштарници, вклучувајќи и трпезно грозје, маслинки, медоносни дрвја (за производство на мед), (5) лозја;
  • Сектор сточарство: (1) Говеда (за млеко и гоење), (2) свињи (за репродукција и гоење), (3) овци и кози (за млеко и гоење), (4) живина (одгледувани за производство на месо – бројлери, кокошки несилки);
  • Преработка и директен маркетинг на сопственото земјоделско производство на земјоделското стопанство (Директен маркетинг се однесува на активности поврзани со земјоделските производи произведени на земјоделското стопанство, подготовка, директна продажба и други маркетинг активности на земјоделското стопанство, вклучително и за преработени производи на земјоделското стопанство: (1) млеко и млечни производи, (2) месо и месни производи; (3) овошје и зеленчук, вклучувајќи и компири, печурки и мешункасти култури; (4) жита, мелничарски производи и производи од скроб; (5) растителни и животински масла и масти; (6) шира од грозје, сок од грозје, вино и оцет.
  • Производство на енергија од обновливи извори за сопствена потрошувачка,

преку обработка на растителни и животински производи од примарна и секундарна биомаса (освен биомаса од рибни производи) за производство на биогас и/или биогорива, користење на сончева енергија, ветерници, геотермална енергија итн.

Кој може да биде корисник

Земјоделско стопанство регистрирано во Единствениот регистар на земјоделски стопанства при Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство (во понатамошниот текст: ЕРЗС) како семејно земјоделско стопанство претставувано од физичко лице или од индивидуален земјоделски производител или како земјоделско стопанство претставувано од правно лице.

  • Земјоделското стопанство – барател кое предлага инвестиции во растително производство, како и сите производни капацитети на земјоделското стопанство, треба да бидат регистрирани во ЕРЗС пред да аплицира за поддршка.

1.1 Семејното земјоделско стопанство е преставувано од физичко лице кое е член на земјоделското домаќинство. Физичкото лице е овластено, од страна на сите други членови од земјоделското домаќинство, да го претставува земјоделското стопанство пред надлежните органи и да управува со него. Овластениот претставник и останатите членови на земјоделското домаќинство мора да живеат на иста адреса која е наведена како седиште на земјоделското стопанство, без оглед на локацијата на земјоделскиот имот (земјиште и објекти).

  • Индивидуален земјоделски производител е физичко лице кое се занимава со земјоделство за негови нејзини лични потреби како сопственик на земјоделскиот имот или кој има право на користење на земјоделски имот добиено преку склучување законски договор со нејзиниот сопственик и е регистриран во Регистарот на индивидуални земјоделци при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство или како Индивидуален земјоделски производител во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување. Индивидуалниот земјоделски производител е регистриран како семејно земјоделско стопанство во ЕРЗС.
  • Земјоделско стопанство преставувано од правно лице треба да биде регистрирано во Централниот регистар во согласност со Законот за трговски друштва.

Земјоделските стопанства претставувани од страна на правно лице во случај нивниот капитал да е во сопственост на јавен орган или органи или од страна на државата со повеќе од 25%, не се прифатливи корисници со оваа мерка.

  1. Задруга која е регистрирана во Централниот регистар според Законот за задруги која примарно се занимава со земјоделска дејност, преработка на земјоделски производи и/или услуги кои се директно поврзани со земјоделските активности.
  • Земјоделската задруга која се занимава со примарно земјоделско производство треба да биде во согласност со Законот за земјоделски задруги и да биде регистрирана во Регистарот на Земјоделски задруги при МЗШВ.

П.Ј.

 

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close