fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Министерот Арјанит Хоџа си најави оставка ако остане сегашната влада

Ова е негов личен став, а раководството на партијата деновиве ќе одлучува дали ќе ја напушти владата

Министерот за земјоделство, Арјанит Хоџа, најави оставка доколку остане владата во сегашниот состав. Ова е негов личен став, а раководството на партијата деновиве ќе одлучува дали ќе ја напушти владата, откако на приговор од ДУИ, ДИК одлучи да се прегласува во Желино, каде победи кандидатот на БЕСА со мала разлика од 69 гласа.

Хоџа обвини дека ДУИ настапува со стари, криминални методи, со цел да им ја украдат победата. За него е симптоматично што ќе се прегласува токму на место каде гласа и кандидатот на ДУИ и каде имаат добиено двојно повеќе гласови од БЕСА.

Му порача на Ахмети да се подготви за опозиција, откако тој за албанските медиуми денеска обвини дека БЕСА вршат притисоци и дека не верува дека ќе излезат од владата.

Од Алтернатива имаа најава за изјава веднаш по пресот на БЕСА, но се предомислија и ќе го чекаат дефинитивниот став на партиските органи. Не сакаат да коментираат дали тие се подготвени да го заземат евентуално испразнетото место во владејачката коалиција.

https://telma.com.mk

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close