fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Министерот Николовски добитник на највисоката општинска награда на Крива Паланка, наградата „8 Октомври“

Градоначалникот Сашко Митовски му ја врачи наградата и рече дека Николовски остава длабок печат и трага со својата енергија, пожртвуваност и работа за градот, за да градот денес изгледа како што изгледа.

Во знак на сите заложби за развој и поддршка на неговата родна Крива Паланка, синоќа на свечената академија по повод 8 Октомври – Денот на ослободување на Општина Крива Паланка, на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, му беше доделена  годинашната награда „8 Октомври“, највисока општинска награда што се доделува за особени постигнувања за развој и унапредување, промоција и афирмација на градот.

На академијата беше кажано дека од било која позиција да настапува, настапува во името на напредокот и иднината на Крива Паланка, со поддршка на бројни проекти за развој на градот со кои континуирано се гради, осовременува и развива општината, максимално посветувајќи се за своето родно место со сето срце, голема желба  и длабока припадност.

Градоначалникот Сашко Митовски му ја врачи наградата и рече дека Николовски остава длабок печат и трага со својата енергија, пожртвуваност и работа за градот, за да градот денес изгледа како што изгледа.

-Посакувам градот да има уште вакви прилики, уште вакви луѓе што си го сакаат својот град со целото срце и душа. Наградата се доделува за да никогаш не се заборави се она што како трага го има оставено во градењето на нашата Крива Паланка,порача Митовски.

Николовски рече дека сепак, оваа награда која претходно е доделувана на спортисти, уметници, истакнати и познати кривопаланчани, не му припаѓа само нему, туку на сите останати заслужни што добија признанија од општината, сите што се постојано во корелација со градот, што помагаат секојдневно и на сите на кои постојано им се обраќаат граѓаните и добиваат помош и поддршка.

– Оваа награда им припаѓа на сите што дадоа поддршка на сите крупни проекти, на секое мало проектче, на сите мои колеги во Владата кои во овие 6 години даваат поддршка за се што е за Крива Паланка, низ секоја година, на секоја програма и секое министерство, затоа што имавме визија, ако овој регион Североистокот, беше запоставен,сега е моментот да направиме се за да и регионот и Крива Паланка бидат на мапата. Ја вративме со многу проекти, коридори, стотици милиони евра, со тоа што ја поврзавме, што правиме проекти за градба после 30, 40, 50 години. Го правиме сето тоа за сите граѓани, за секој еден жител и повторно, заедно со сите мои колеги, чинтели од кој било сектор, успеавме да наметнеме еден позитивен тренд да правиме се за младите луѓе, таа визија за ваква, модерна, Европска, урбана, зелена и уредена Крива Паланка да се оствари. И овие делегации што доаѓаат денес по одреден период, велат -да навистина е уредена, чиста општината, урбана,зелена. И тоа е таа  наша Крива Паланка, за која од срце ден и ноќ работиме и ќе продолжиме да работиме така се додека ја имаме довербата, обврската и одговорноста, рече Николовски.https://www.brif.mk/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close