Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести
Министерот Николовски најави засилена контрола на подрачните единици на МЗШВ со цел испорака на брзи резултати во работата
Дали сте задоволни од работата на подрачните единици на МЗШВ во градовите и руралните општини??
Подрачните единици на Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство се главниот сервис за брзи и ефикасни услуги за земјоделците.
На денешната средба со раководителите на подрачните единици на МЗШВ, разговаравме за нивна професионализација и ставање во целосна служба на сите граѓани што сакаат да се занимaваат со земјоделство.
Од мене како министер имаат целосна поддршка, но и силен мониторинг со цел испорака на брзи резултати во работата.