fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Министерот Николовски учествуваше на четвртото издание на Симпозиумот за земјоделство и храна ISAF 2022 во Охрид

Министерството за земјоделство уште пред почетокот на оваа криза, подготви Национален план за производство на храна

Денеска, во Охрид се одржа четвртото издание на Симпозиумот за земјоделство и храна ISAF 2022, во организација на Факултетот за земјоделски науки и храна- Скопје (ФЗНХ).

Министерот Николовски имаше поздравно обраќање пред присутните гости кои ја претставуваа академската фела од земјите од регионот но и од европските, азиските и прекуокеанските држави.

„Драго ми е што на оваа тема деновиве ќе дискутираат најкомпетентите луѓе, оние кои „знаат како“, оние кои имаат желба да применуваат во пракса и ние како надлежно министерство, кое има обврска да креира политики и мерки врз основа на вакви темелни и сеопфатни дискусии. За жал, повторно на светот му се случува нова криза после ковид пандемијата. И повторно на најтежок начин сваќаме колку е значаен земјоделскиот сектор. Глобалната криза со храна, го става земјоделскиот сектор на врвот на приоритетите на сите светски влади, бидејќи глобалната криза бара глобален одговор“ рече Николовски.

Министерството за земјоделство уште пред почетокот на оваа криза, подготви Национален план за производство на храна, кој содржи мерки и политики за стабилизирање на домашното производство, помош во намалување на трошоците и зголемување на производство на храна. Распишавме 7 јавни огласи, со кои ставивме на располагање нови, над 13 000 хектари земјоделско земјиште за обработка на житни култури, сточна храна и подигнување на долгогодишни насади. Овие огласи предизвикаа рекорден интерес кај земјодлеците. Само за наменскиот оглас за закуп на земјиште за обработка на житни култури склучивме 258 договори во 14 региони низ државата. Во рамките на Националниот план за храна, креиравме и Интервентен фонд, по што сме единствени во регионот со ваков вид на поддршка, насочена кон она што во моментот беше најпотребно, за спас на домашното производство пред налетот на високите цени за вештачки ѓубрива и репроматеријали. 

„Водени од успехот, соработката и интересот кој го покажаа земјоделците, продолживме да креираме нови идеи и повторно да носиме храбри одлуки кои целосно ќе го реконструираат секторот, а тоа е новиот модел на субвенциионирање по примерот на развиените европски држави. Светската криза за обезбеденост со храна, не поттикна сите да размислуваме дали навистина имаме стратегија за производство, што е она што навистина треба да се произведува, а уште повеќе што е она што треба финансиски да се субвенционира од државата“ потенцираше Николовски и дополни дека Министерството за земјоделство, во консултација со земјоделците, подсекторските групи и факултетите, донесе одлука за промена на досегашниот модел на субвенционирање, со цел да се стави фокус на стратешкото производство, како и поддршка за лозарството, градинарството и сточарството и поддршка за зголемен рурален развој.

Ние веќе од оваа година започнуваме со примена на европскиот decoupling модел, кој претставува прогресивна ЕУ политика. Го напуштаме стариот модел на субвенционирање според обработлива површина, без земјоделците да прикажат дали оствариле производство и колку. Сега фокусот го ставаме на произведена количина, пришто целокупното производство мора да биде предадено во домашни капацитети. При тоа, земјоделците ќе треба да прикажат принос по хектар и доказ дека производството е предадено кај регистрирани откупувачи, трговци и преработувачи, или пак го користат за сопствени потреби, доколку се регистрирани за продажба од куќен праг, преку системот на АХВ. Со ваквата контрола, дали и каде е предадена произведената количина, се ставаат во систем сите, и производители и трговци, откупувачи и преработувачи, со што се намалува протокот на готовинско плаќање и сива економија, се зголемува обемот на контрола, се овозможува брза исплата и се постигнува крајната цел – повеќе домашна храна.

Новиот модел на субвенционирање цели кон градење на стратешки пристап за поттикнување на економскиот раст и зголемување на продуктивноста во земјата, преку градење на долгорочна сигурност во однос на обезбедувањето на храна и модернизирање на земјоделскиот сектор, во функција на зголемување на продуктивноста, како еден од четирите приоритети на Рамката за развој МКД 2030.

Новиот модел за субвенционирање дава решение за сите констатирани слабости. Тој ќе овозможи брза исплата на субвенциите со фокус на стратешките култури и за нив е предвидена поголема поддршка.

„Да појаснам, сите земјоделци ќе продолжат да добиваат основна субвенција за да можат и понатаму да произведуваат, а исплатата ќе биде за реколтата од тековна година. Со тоа ќе постигнеме редовна и брза исплата која ќе се завршува во една календарска година и нема да генерира долгови. Она што е новитет е дека дополнителни субвенции повеќе нема да има за сите, туку само за стратешките култури. Всушност, тоа е значењето на decoupling моделот, да се одвои и приоритизира стратешки важното производство од другото земјоделско производство кое има значаен економски импакт, но не е од стратешки интерс за државата“ појасни министерот Николовски.

Освен новиот модел за субвенционирање, воведуваме и нови програми со кои го јакнеме руралниот развој, па така Програмата за рурален развој ќе добие нова димензија и ќе прерасне во инвестициска програма во која воведуваме многу нови мерки и целосно ја ставаме на располагање на малите земјоделци, додека за оние поголемите стопанства, на располагање се мерките од ИПАРД програмата. Ние сме лидери во регионот по искористеност на средствата од ИПАРД и со исто темпо продилжуваме и со ИПАРД 3. Европската комисија ја зголеми поддршката за Севрна Македонија од 60 на 90 милиони евра и сега вкупно на располагање имаме 210 милиони евра, кои ќе бидат директно инвестирани во агросекторот.

Министерот Николовски упати благодарност до деканот на ФЗНХ, Вјакослав Танасковиќ за организацијата на еден ваков симпозиум, кој се одржува во момент кога светска топ тема е производството на храна и искажа задоволство за одржувањето на уште едно успешно издание на Симпозиумот за земјоделство и храна ISAF 2022.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close