Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Министерот Серафимовски дојде во Пелагонија на фестивалот на жетвата

Годинава со пченица се засеани повеќе од 63 илјади хектари. Жетвата е во тек, а Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство внимателно ги следи состојбите на терен и одржува непосредна комуникација со производителите, објави Серафимовски.

Министерот Борче Серафимовски на Фестивалот на жетвата во Општина Новаци. „Жетвата е круна на многумесечниот труд, посветеноста и надежта на секој земјоделец. Секое зрно пченица е плод на макотрпна работа, одговорност и љубов кон земјата. Затоа земјоделството е темел на сигурното снабдување со храна, двигател на руралниот развој и еден од најважните столбови на македонската економија“, порачав вечерва од Новаци, на петтото, јубилејно издание на Фестивалот на жетвата.

На настанот се сретнав и разговарав со земјоделците од Пелагонија, внимателно слушајќи ги нивните согледувања за тековната жетва и состојбите во производството. Земјоделските политики мора да произлегуваат од реалноста на теренот и да поттикнуваат постабилно производство, подобар принос и поголем приход за земјоделските семејства.

Фестивалот на жетвата ја негува традицијата и ја изразува почитта кон македонскиот земјоделец, неговиот труд и богатството на Пелагонија.

Годинава со пченица се засеани повеќе од 63 илјади хектари. Жетвата е во тек, а Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство внимателно ги следи состојбите на терен и одржува непосредна комуникација со производителите, објави Серафимовски.

Поврзани новости

Back to top button