fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

„Бомба“ на екс министерот Хоџа-Државата ќе одзема земјоделско земјиште од починати

Хоџа вели ќе се одзема земјоделско земјиште од починати лица и на други ќе им се дава под концесија.

Арјанит Хоџа, генералниот секретар на Беса, денеска реагираше дека со новиот предлог-закон за земјоделство кој државата го стави на увид на јавноста, ќе се одзема земјоделско земјиште од починати лица и на други ќе им се дава под концесија.

Министерот за земјоделство Љупчо Николовски денеска информираше дека со новиот Закон за земјоделско земјиште, напуштеното приватно земјиште, односно приватното земјиште што не се обработува со години, државата ќе може да го дава под концесија.

„Со измените во Законот за земјоделско земјиште нема да се навлезе во приватната сопственост на граѓаните, но државата сепак ќе може да го дава под закуп земјиштето кое не е обработено со години. Ова е најголема реформа во земјоделството, ги користиме сите ресурси за да може да произведеме доволно храна во вакво време на светска криза.

Сега, со новиот Закон по службена должност ќе ги евидентираме сите земјишта. Доколку земјиштето не се обработува се категоризира како напуштено, не се одзема сопственоста, но се создава можност државата да го даде под концесија од кои 80% од закупнината која се остварува веднаш ќе се префрли на сопствениците, а 20% се предвидени за административни трошоци во Буџетот на државата.“, рече Николовски.

Хоџа реагира дека тоа земјиште не се обработува затоа што се уште е во сопственост на лица кои во меѓувреме починале а имотната сопственост се уште не е префрлена на наследниците.

„Предложениот закон за земјоделско земјиште го враќа комунизмот каде што приватното земјиште беше национализирано! Со предлогот преку член 8Б се предвидува земјоделското земјиште во приватна сопственост, за кое е утврдено дека не е работено, Министерството за земјоделство да може да го издава под закуп!

Замислете, земјата на име на старец кој починал, а кој зад себе оставил многу наследници кои не го решиле имотното наследство, државата ќе им го даде под закуп земјиштето на други! Овој закон инспириран од комунистичката доктрина, кога приватен имот е конфискуван од државата, мора итно да се забрани!

Овој предлог-закон е спротивен на Уставот на државата и законот за сопственост! Многу земјоделци не ги користат поволностите од субвенцијата само затоа што имаат проблем да располагаат со имотот на нивните баби и дедовци или прадедовци на нивно име, а државата наместо да размислува за решение за овој проблем, тие одлучуваат да ги превземаат како приватни имоти и да ги изнајмуваат на некој друг“, напиша Хоџа на социјалните мрежи.

Тој ги повика сите засегнати страни да не дозволуваат државата тивко да стане сопственик на имоти на нивните баби и дедовци.https://faktor.mk/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close