Студија: Отпадот од храна ќе се зголеми за 30 отсто ако не се преземе акција

Нова анализа од „Бостон Консалтинг груп“ покажа дека глобалниот отпад од храна ќе се зголеми за повеќе од 30 отсто до 2030 година ако не се преземе некаква акција. Бројките се алармантни: се предвидува дека вкупно 2,1 милијарди тони храна ќе бидат фрлени или, во случај на расипување, загубени. Ова значи дека 66 тони отпад од храна ќе се фрлаат во секунда.

Во моментов, околу 1,6 милијарди тони храна одат во отпад секоја година, што претставува 1,2 милијарди долари во вредност од храна и претставува 8 отсто од годишните глобални емисии на стакленички гасови.

И додека свеста за отпадот од храна е во пораст, глобалните обиди за справување со овој отпад се уште заостануваат. Според Шалини Уникришнан, партнер и извршен директор на „Бостон Консалтинг груп“, обидите за справување со отпадот од храна се „фрагментирани, ограничени и недоволни, со оглед на големината на проблемот”.

Всушност, проблемот ќе остане само на зборови додека земјите продолжуваат да се индустријализираат.

„Бидејќи популацијата забрзано расте во одредени индустриски делови на светот, како во Азија, потрошувачката расте многу брзо”, забележа Уникришнан.

Едно можно решение, според „Бостон консалтинг груп“, е создавање на еколошки ознаки, како оние што се наоѓаат на производи за фер трговија.

Оваа еколошка ознака ќе им овозможи на потрошувачите да знаат кои компании се посветени на намалување на отпадот и полесно ќе купуваат одговорно.

Сепак, „обемот на проблемот е оној кој ќе продолжи да расте додека развиваме решенија”, вели Уникришнан.

ОН се надева дека ќе го преполови отпадот од храната до 2030 година, но ако владите, компаниите и потрошувачите не прават значителни промени во начинот на пристапување кон храната и работат заедно има мали шанси за тоа да се случи. Според Уникришнан, тоа не е лесен проблем, ниту една земја, ниту еден ентитет не може сам да го реши целиот проблем.

 


 

radiomof.mk

Share Button