Министерството за земјоделство бара Косово итно да ги повлече одлуката за повисока царина
Одлуката на Косовската влада за 30 % да ги зголеми царините за овошјето и зеленчукот што влегува на нејзина територија целосно го стопира извозот од Македонија.Од Царинската управа информираат дека откако стапи на сила времената мерка, границата не ја поминал ниту еден камион.Ако досега извозот тежел меѓу 200 и 300 тони дневно или 5-15 камиони и шлепери, денеска тој е нула потврдуваат за Телма извозниците на овошје и зеленчук.Се надеваат дека одлуката брзо ќе се повлече, во споривно стравуваат дека храната ќе мора да ја фрлат.
На брзо решение и повлекување на спорната одлука се надева и владата.Мерката е неразумна и правно и формално нејасна рече министерот Николовски, бидејки не содржи тарифни броеви и не е временски ограничена.Не ја исклучи можноста за воведување контра мерки но и за скора посета на Косово по ова прашање.
Косовската влада ја донесе временската мерка пред два дена без предходно за таквата намера да ги извести земјите членки на Цефта.Од неа најпогодени производи ќе бидат доматите, пиперките и сливите. Вкупниот извоз во Косово во 2017 е околу 6 мил евра а годинава 2,5 мил евра.Макеоднија не увезува овошје и зеленчук од Косово.