fbpx
ВестиМакедонијаТоп вести

Министрите за земјоделство од земјите од Југоисточна Европа одржаа видео состанок за влијанието на вирусот КОВИД 19 врз земјоделството Димковски: Регионалната соработка е клучна во справувањето со последиците од глобалната пандемија врз земјоделството

Mинистрите за земјоделство од земјите од Југоисточна Европа во организација на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на Северна Македонија и Постојаната работна група за регионален рурален развој во ЈИЕ ( SWG), одржаа видео состанок, за влијанието на вирусот КОВИД 19, врз земјоделскиот сектор во Западен Балкан, како и за можните заеднички активности во справувањето со последиците.

Министрите ја презентираа моменталната состојба во земјоделството во нивните држави, како и мерките што ги преземаат за одржливо земјоделско производство, поддршка за земјоделците и продажба на земјоделските производи. Се согласија дека има доволно храна и дека земјите од регионот ќе си излезат во пресрет во делот на снабдување со храна. Министрите посочија дека остануваат отворени за дополнителни предлози за непречена трговија со земјоделски произоводи.

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски посочи дека во овој период на глобалнана пандемија, е важно земјоделците да ги продолжат работните активности на нивите и фармите, да се зголеми домашното производство на земјоделски производи, да има непречен транспорт на стоки и солидарност во делот на соработката и размената на искуства со земјите од ЈИЕ.

„Регионалната соработка е клучна во справувањето со последиците од глобалната пандемија врз земјоделството. Важно е трговијата и транспортот на храна и суровина да се одвива непречено. Во моментов се одвива извозот на зелка, раноградинарски производи и јагниња. Наш традиционален увозник на јагниња е Италија, но поради состојбата во оваа држава, извозот оваа година не е со истиот интензитет како лани. Ние како ресорно министерство, со цел да им помогнеме на одгледувачите на овци да ги покријат загубите, ја зголемивме поддршката за женско јагне. Во делот на пласманот на земјоделски производи, воведовме електорнска платформа за понуда и побарувачка, односно on line продажба. Не очекуваме дека би имало недостиг на храна, има доволно храна. Во иста ситуација се наоѓаме сите држави, и сметам дека треба да покажеме солидарност во делот на соработката и размената на искуства, и заеднички да креираме мерки за справување со евентуалните последиците од оваа глобална пандемија врз земјоделството“, порача министерот Димковски.

На конференцијата се донесоа неколку заклучоци во насока на справување со последиците од глобалната пандемија. Министрите потенцираа дека безбедноста на храната е едно од најважните проблеми за целата популација во регионот, затоа безбедноста на храната, достапноста и производството на храна се највисоки приоритети за министерствата во овие околности. Во моментов, има доволно храна во регионот достапна за населението. При тоа, се согласија дека владите на сите држави од регионот како и од ЕУ, треба да обезбедат непречна трговија со земјоделските производи, притоа почитувајќи ги сите препораки и мерки на претпазливост од релевантните здравствени власти. Особено ова треба да се направи преку:

-Поедноставување или отстапување од одредени гранични процедури, на пример, во врска со теренските контроли;

-Зголемена ефикасност и проток низ воспоставените „зелени коридори“ за снабдување со храна, со избегнување на непотребни административни и финансиски оптоварувања (даноци, такси, давачки) за транспортерите, извозниците и увозниците на храна;

-Поефикасен транзит низ земјите, т.е. избегнување на конвои со камиони што ја намалуваат брзината на снабдување со храна, во границите на дадени упатства и препораки од здравствените власти;

– Поради фактот што земјите од Западен Балкан се во процес на интеграција во ЕУ, ЕУ треба да размисли за повластен трговски третман на земјите од Западен Балкан;

Министрите заклучија дека е потребна континуирана комуникација и соработка помеѓу министерствата за да се спротивстават на негативното влијание на пандемијата врз земјоделството и руралниот развој во регионот.

За околу 15 дена е закажан нов состанок за повторно да се разгледа состојбата и да се разменат искуства, информираат од МЗШВ.

Слични написи

Back to top button
Close