Зелената нафта ќе протече за есенската сеидба

(Oвој напис е објавен на: July 8, 2019)

 

Директорот на Агенцијата за финансиска  поддршка на земјоделството и руралниот развој Никола Бабовски  најави  дека земјоделците  за есенската сеидба ќе може  да ја користат мерката „Зелена нафта“.

-Ние како Агенција распишавме тендер, денеска можам да кажам дека е успешно завршен, избран е економскиот оператор, во текот на наредната недела ќе биде потпишан договорот со економскиот оператор и до крајот на овој месец земјоделците ќе ги добијат првите картички за користење на зелена нафта, изјави Бабовски.

Со оваа мерка со која се покриваат 30% од трошоците за набавка на гориво за земјоделската механизација се опфатени 55.000 земјоделци, а буџетот е 200 милиони денари.

Земјоделците ќе користат картички кои ќе ги добиваат преку Министерството за земјоделство си чија помош ќе може да користат само Еуродизел гориво за земјоделска механизација.

П.Ј.

 

Share Button