Мирчески јавно го прашува Бачовски-Кога „зелена нафта“ за сточарите и тутунарите?
Господине Бачовски, аирлија зелена нафта за земјоделците која во нормални држави се добива на почеток на годината, пишува Мирчески.
Игор Мирчески, координатор на новоформираните тутунарски здруженија јавно со прашање до првиот човек на Платежната агенција Никица Бачовски- Дали од оваа година „зелена нафта“ ќе добиваат и тутунарите и сточарите?
Господине Бачовски, аирлија зелена нафта за земјоделците која во нормални држави се добива на почеток на годината, а не сега. Нејсе и шуќур велат старите, но пред некој ден поставив јавно прашање кое денес повторно ќе ви го поставам и вас.
-Дали од оваа година зелена нафта ќе добиваат и тутунарите и сточарите?
Ако овие категории на земјоделци не се опфатени со оваа мерка на што се должи нивното иземање од истата.Зар мислите дека овие земјоделци не користат нафта во обработката на нивите?, порачува Мирчески во јавното обраќање до првиот човек на Платежната агенција.