fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Најголемата вертикална фарма во светот

Иако вертикалните фарми не се новина, една таква фарма го привлече вниманието на целиот свет затоа што станува збор за најголемата вертикална фарма во светот,која може да произведува над 900.000 кг зеленчук годишно. 

Вертикалните фарми се моќна алтернатива и решение за криза со слободно земјиште, а покрај тоа не се ништо помалку функционални од традиционалните. Исто така, штедат огромна количина вода.

Иако вертикалните фарми не се новина, една таква фарма го привлече вниманието на целиот свет затоа што станува збор за најголемата вертикална фарма во светот,која може да произведува над 900.000 кг зеленчук годишно.

Фармата се вика Bustanica,а ја изгради компанијата Crop One Holdings во соработка со Emirates Flight Catering. Се наоѓа во Дубаи, ОАЕ,недалеку од Меѓународниот аеродром Ал Мактум. Има површина од над 30.000 квадратни метри.

Зеленчукот кој ќе се одгледува таму ќе биде целосно чист,односно ќе расте без пестициди, хербициди и други хемикалии. Исто така, фармата користи 95% помалку вода во споредба со традиционалните фарми, а дневно ќе дава 3 тони производи благодарение на машинското учење, вештачка интелигенција и анализа на податоци.

Фармата користи затворен систем кој овозможува кружење на водата низ билките за да се користи ефикасно. Водата испарува преку процес на наводнување и се рециклира во системот,кој штеди 250 милиони литри вода секоја година во однос на традиционалните отворени фарми со истиот ефект на производство.

Зеленчукот ќе се служи на патниците во авионите на Emirates, но и во други авиокомпании кои соработуваат со нив.

(Klix.ba)https://inovativnost.mk/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close