fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Мирчески-Прогласете елементарна непогода, жетвата на пченка за силажа е преполовена

Апел до Владата и МЗШВ за обесштетување за земјоделците од сушата

Што треба уште да се случи за да прогласите елементарна непогода, апелира до Владата и МЗШВ, Игор Мирчески, земјоделец од Прилеп, координатор на новоформираните земјоделски здруженија.

Според Мирчески сушата остава длабоки и трајни последици врз земјоделското производство, а тоа се  чувствува во сите сектори. Во тек е жетвата на пченка за силажа во Прилепско, а поради сушата и нередовното наводнување, загубите се и до 60 проценти во споредба со лани.

Мирчески напоменува дека поради ваквата состојба се очекува поскапување на храната, повисоки трошоци за фармерите со што ќе бидат приморани да ги продаваат кравите

-Под итно прогласување на елементарна непогода во делот на земјоделието. На овие полиња во Прилепско пченката растеше и до 3 метри, а сега е катастрофа. Приносите по еден хектар беа и до 50 тони, а сега 20 тони од хектар. Што треба уште да се направи за Владата да прогласи елементрана непогода? Екстремните температури и постојаните дефекти на системот за наводнување на Прилепско поле ја доусложнија состојбата, реагира Мирчески во изјава за Зелена берза.

 

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close