fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Мирчески-Сте се излажале дека ќе го земите тутунот без пари

Затоа, го повикувам  Менде Стомнароски да излезе и да не се крие бидејќи се пофали дека донесол историски правилник и во интерес на тутунарите да објасни како се откупува тутунот и која просечна цена се постигнува?

Почитувани !

Кратко и јасно – откупот е катастрофа.

Ако мислите дека и оваа година ќе го земете тутунот без пари, веднаш да ви кажам сте се излажале. Сакам да им појаснам на тутунопроизводителите дека новите здруженија не учествуваат во Сојузот на Менде Стомнароски кој го има добиено овластувањето од МЗШВ  па оттука немаме никакви можности да бидеме рамноправен партнер во договарањето со откупувачите. Сојузот е тој што ги користи нашите пари и има можност да реагира на овој катастрофален почеток.

Затоа, го повикувам  Менде Стомнароски да излезе и да не се крие бидејќи се пофали дека донесол историски правилник и во интерес на тутунарите да објасни како се откупува тутунот и која просечна цена се постигнува? Исто така додека политичките партии се занимаваат со мнозинства, влади, конгреси, распределба на министерства,кадровски решенија, народот тоне во сиромаштија,безпарица препуштени сами на себе. Сета оваа рашомонијада ја користат откупните претпријатија и не дерат. Затоа јавно го повикувам и земјоделскиот инспекторат ПОД ИТНО да излезе на терен за да стави крај на овој грабеж и да не дозволи квалитетна реколта да се откупи по цена на ѓубре. Во спротивно излегуваме со масовни протести и блокади. Доста лаевме на Фејсбук ова не се трпи.

Со почит Координатор на новоформираните здруженија Игор Мирчески

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close