fbpx
ВестиЛов и риболов

Велешанец улови риба тешка 18,3 кг

Викендов, велешанецот Горан Андонов фати примерок на рибата амур капиталец. Парчето е тешко 18,3 кг. Фатен е на мамка царевка, на реката Вардар во велешкиот ревир. Горан не открива каде на Вардар го фатил овој примерок, но затоа добива честитки за добриот услов.

veleshanec ulovi riba teshka 18,3 kg

 

“Ова не е рибарска приказна, туку вистина. Примерокот го фатив утрината, се помачив додека го извадив на суво, помогнаа и другарите до мене. Тој се опираше, јас го влечев надвор од водата. He е лесно да се совлада толку тешка риба”, објаснува Горан.

Бидејќи за дел од риболовците не беше јасно како амур во Вардар, оти него го има во езерата, Горан додава дека пред некоја година, риболовното друштво од Велес пуштило подмладок од оваа риба во реката, па затоа и не е изненадување што тој фатил токму од овој вид риба.

Иако, од рибарска суета, тој сокри каде е уловен капиталецот од 18,3 кг, со надеж дека ако лови таму, пак ќе фати сличен примерок, неговите колеги велат дека тоа било во околината на Градско. He е јасно ниту како завршил амурот, во чија тава или колкумина се гоштавале со него.

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close