fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Мирчески-Тутунарите да се помогнат од Интервентниот фонд за намалување на настанатите штети од временските непогоди

Новоформираните тутунарски здруженија бараат да се прогласи елементарна непогода.

Новоформирани здруженија апелираат до МЗШВ, во соработка со Владата да прогласат елементарна непогода и тутунарите да се помогнат од интервентниот фонд за намалување на настанатите штети, заради неповолните временски услови каде во голема мера е неизвесно и отежнато расадувањето на тутунот. Игор Мирчески, координатор на новоформираните здруженија јавно преку медиумите бара тутунарите да се помогнат од Интервентниот фонд  бидејќи за севкупниот период од расадопроизводство и расадување на тутунот имаат лоша неповолна клима и тутунарите ќе претрпат огромни штети.

*******

Расадувањето на стратешката култура за државата- тутунот, во оваа реколта заради неповолните временски услови во голема мера е неизвесно и отежнато. Период е кога треба да се врши интензивно расадување на расадот,но сепак на терен тоа не се случува заради постојаните врнежи и превисоката влага во почвата. Голем дел од производителите се соочуваат со прераснување на расадот, а исто така голем дел од оние кои треба да расадуваат во моментот,неможат да влезат со механизација во нива за да се подготват површините.

Со проблеми се соочуваат и оние производители кои некако успеале да го извршат расадувањето, но расадениот тутун се соочува со преголема влага во почвата која не е добра за нормален раст и развој на младите билки. Исто така во незавидна положба се наоѓаат и сите оние кои покасно отпочнаа со сеење на тутуновото семе, па заради недоволно топлина во почвата расадот слабо вегетира и има успорен развој што ќе се дојде во ситуација да се пробијат и оптималните роковите за расадување.

Со еден збор за севкупниот период од расадопроизводство и расадување на тутунот имаме лоша неповолна клима и тутунарите ќе претрпат огромни штети кои ќе се одразат на севкупното производство но и врз нивниот и онака скромен семеен приход. За таа цел како новоформирани здруженија апелираме до МЗШВ во соработка со Владата да прогласат елементарна непогода и тутунарите да се помогнат од интервентниот фонд за намалување на настанатите штети.

Игор Мирчески, координатор на новоформираните земјоделски здруженија.

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close