fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаМлад земјоделецТоп вести

Мирон Тасевски е еден од 50 – те добитници на грант до 10.000 евра, за мерката „Млад земјоделец“

Планот вклучува набавка на опрема за производство на вино, заради опремување мини винарска визба

Мирон Тасевски е млад земјоделец носител на семејно земјоделско стопанство од Скопје.
Со својот деловен план, тој аплицираше за добивање на финансиска помош преку мерката „Млад земјоделец“. Планот вклучува набавка на опрема за производство на вино, заради опремување мини винарска визба, како и диверзификација на земјоделската дејност преку набавка на пчелни кошници и опрема за мед. Можноста што ја гледа за својот агробизнис, ќе му донесе профит преку модернизација на производството, подобрување на квалитетот и конкурентноста на земјоделското производство со почитување на добрите земјоделски практики и воведување на современи мерки за заштита на животната средина.
Мирон Тасевски е еден од 50 – те добитници на грант до 10.000 евра, за мерката „Млад земјоделец“.
Тагови

Слични написи

Back to top button
Close