fbpx
ВестиВино

Мишел со добра цена, за Викторија послабо се плаќа

Во полн ек е откупот на трпезно грозје во Тиквешко, како најголем лозаровинарски регион во Македонија. Цените, во зависност од квалитетот, се движат до 25 денари за килограм. Во компанијата “Пеца комерц” од Кавадарци која, традиционално, долги години откупува десертно грозје, велат дека количината која ќе ја откупат е во зависност од квалитетот, најважно од сe е производството да има добар квалитет. Ќе се откупи целото квалитетно грозје кое треба да заврши на трпезите. Се откупуваат Kардинал, Мишел, Викторија.

mishel so dobra cena za viktrija poslabo se plakja

 

Таму нагласуваат дека цената ја прави пазарот, побарувачката. “Сортата Мишел има добра цена од 25 и 23 денари за килограм, зависно од квалитетот. Во толку години работа, за жал, морам да кажам дека оваа година сортата Викторија нема висока откупна цена. Секогаш сме почнувале со 25, годинава стартувавме со 23 денари за килограм. За брзо време падна на 22 и 20, па еве сега и на 18 денари. За жал, бидејќи тоа, според мене, не е рентабилна цена за индивидуалните производители”, кажува директорот Блаже Темов. Тој нагласува дека заемната долгогодишна соработка со лозарите што им се кооперанти е на високо ниво, па откупот се одвива без никакви проблеми. Исплатата секогаш се врши согласно договореното.

Наскоро ќе започне откупот и на винските сорти грозје шардоне, каберне и мерлот, вранец и смедеревка за кои, исто така, важат препораките за квалитетно и добро одгледано грозје. “Ги поздравувам индивидуалните производители на грозје и им препорачувам да не наводнуваат во големи количини за да има грозјето што поголеми шеќерни единици. Според мене, ова е една од потешките години за грозјето, и ние мора да понудиме квалитет”, дециден е Темов. Пазарите на кои оваа компанија го извезува откупеното грозје се Русија, Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Хрватска и останатите земји од поранешна Југославија.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close