Митат Исмаиловски-Барем помошта од државата за пченицата да беше 5 денари за килограм
Всушност пченицата ни доаѓа по 8 денари за килограм. Сите трошоци се влезени, кога ќе се одбие ДДВ и превозот цената се намалува, значи 8 плус 3 денари, килограм пченица ни доаѓа 11 денари
-Јас сум Митат Исмаиловски од село Будаково, работам 400 хектари земја. Дојден сум тука како змејоделец на средба со министерот за земјоделие има нови мерки-интервентно 3 денари по килограм помош за производителите на пченица. Добро е и тоа, 3 денари. Ние лани го имавме тие 3 денари, но лани пченицата беше околу 12-13 денари за килограм плус 3 денари доаѓаше околу 15 до 16 денари. Сега мелничарите кога слушнаа дека ќе имаме помош од Владата ја срушија цената на 10 до 9 денари з акилограм пченица. Всушност пченицата ни доаѓа по 8 денари за килограм. Сите трошоци се влезени, кога ќе се одбие ДДВ и превозот цената се намалува, значи 8 плус 3 денари, килограм пченица ни доаѓа 11 денари. Јас лично не сум благодарен од мелничарите. Од Владата да, но барем да беше 5 денари интервентана мерка. Ќе немаме пари пак да посееме жито, оти јас имам најмодерна механизација, но таа не оди на вода, вели Митат Исмаиловски земјоделец.
Анета Блажевска