fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Младиот компир во Пловдив се продава и за пет евра по килограм

Профитерство и во Бугарија

Млади бугарски компири се достапни на пазарот до Веслачката база во Пловдив за 10 лева за килограм односно за пет евра.

Екстравагантната предвелигденска цена ги налути и посетителите и трговците кои продаваат друга стока.

„Малите млади компири се 10 лева, а поголемите 8 лева. Добро се измиени, нема потреба да се лупат. Директно во тава и во рерна“, ја рекламира продавачката нејзината роба на штандот на Велики четврток.

„Во ред е да заработат, но ова е прескapп. Ги набавуваат по 4 лева. Добро, стави им 2 лева, а не 6, какво е ова профитерство“, негодуваат муштериите.

Има и трговци кои се револтирани. „Ние товариме од истото место, како е можно да постават таква малопродажна цена“, прашува друг трговец кој нуди и млад компир, но за 7 лева.

Според него, ова е поповолна цена. Токму скапотијата на пазарот за кој станува збор прави сè помалку луѓе да го посетуваат. Доматите таму се достапни за 7 лева (3,5 евра), а краставиците за 6 лева или 3 евра. Проверката покажала дека на Саботниот пазар младиот компир е 5,80 лева, доматите 4, краставиците 3,80 лева. На тезгите со зеленчук на улицата „Капетан Раичо“ свежиот компир е 7 лева за мали, а 6 лева за поголеми компири.https://denesen.mk/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close