Повеќе од една петтина од младите не учат, не се вработени и не посетуваат обуки
Лошото/несоодветно образование, апатијата и демотивираноста на младите, како и несоодветните знаења со потребите на пазарот се идентификуваат како главни причини за високата младинска невработеност и емиграција, за што е потребна целосна и длабинска реформа на сите нивоа на образовниот систем, базирана на квалитетни анализи и заклучоци од сите засегнати страни, особено младите.
Младинската невработеност во земјите од Западен Балкан е генерално високa и иако има тренд на намалување, во 2018 година стапката на невработеност во земјава се уште е два пати поголема од просекот во ЕУ, со повеќе од една петтина од младите кои влегуваат во НЕЕТ групата – млади кои не учат, не се вработени и не посетуваат обуки.
Најголемиот дел од НЕЕТ младите – 36,6 проценти се долгогодишено невработени, од кои најмногу се жени на возраст од 25 до 29 години, само со основно образование и кои живеат во рурални средини.
Државата нема соодветни податоци и информации за проблемот со младинската невработеност, а повеќето од политиките се генерални и не се фокусирани и дизајнирани за млади.
Лошото/несоодветно образование, апатијата и демотивираноста на младите, како и несоодветните знаења со потребите на пазарот се идентификуваат како главни причини за високата младинска невработеност и емиграција, за што е потребна целосна и длабинска реформа на сите нивоа на образовниот систем, базирана на квалитетни анализи и заклучоци од сите засегнати страни, особено младите.
Ова го покажуваат истражувањето на Млади инфо – Северна Македонија – „Студија за НЕЕТ и млади од ранливи категории“, изработено во рамките на проектот WB&T for EmploYouth, фокусиран на зголемување на вработеноста и вработливоста на НЕЕТ младите и младите од ранливи категории во Република Северна Македонија. Проектот е финансиран од Европската унија и имплементиран под водство на Фондацијата Ана и Владе Дивац од Србија.https://nezavisen.mk/povekje-od-edna-pettina-od-mladite-ne-uchat-ne-se-vraboteni-i-ne-posetuvaat-obuki/