fbpx
Вести

Млекопроизводителите поднесуваат барања за субвенции

Повеќе од 930 сточари од Куманово, Липково и Старо Нагоричане поднеле барање за субвенции  до подрачната единица на Mинистерството за земјоделство, водостопанство и шумарство за произведено и предадено млеко во производните капацитети, за последните три месеци од 2015-та година, информираат надлежните.

milk-cow

-Речиси 85 проценти од производителите на млеко од општините Куманово,Липково и Старо Нагоричане досега поднеле барање за субвенции . Деновиве очекуваме и останатите сточари да ги достават фактурите за произведено и предадено млеко за октомври, ноември и декември минатата година, кои ќе бидат ажурирани“-изјави,раководителот на подрачната единица, Насер Даути.

Од подрачната единица на земјоделство  и во оваа фаза очекуваат  за субвенции за млеко до крајот на април  да аплицираат 1.300 производители на млеко,од кои 80% аплицираат за произведено и предадено кравјо млеко, а 20 отсто за овчо и козјо млеко.

Во меѓувреме, посочуваат надлежните дека ќе започне  и програмата за финансиска поддршка за земјодeлството за 2016-та која е предвидена  од Владата на РМ, при што во начинот на аплицирање има воведено измени со кои аплицирањето, според Даути е поедноставено.

„Новитет е што сите земјоделци, апликанти што ги имаме евидентирано во фарм регистарот, периодично ќе бидат информирани, годинава им е овозможено да аплицираат по електронски пат без разлика дали се правни или физички лица. Останува можноста да аплицираат и кај нас во подрачната единица, во Агенцијата за поттикнување и развојот на земјоделството„-изјави Даути.

Придобивките за земјоделците се повеќекратни, вели раководителот на подрачната единица.  Земјоделците  ќе добијат директен пристап до програмата, ќе се намалат турканиците во подрачните единици, секој апликант кој го има уредено досието во фарм регистарот ќе може да аплицира и од дома.

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close