fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

МЗШВ обезбеди 17.5 милиони денари за санација на метеоролошки станици

Редовна и точна информација од Управата за хидрометеоролошки работи ќе го заштити земјоделството од непогоди.

Заедно со директорот на Управата за хидрометеоролошки работи, Игор Лазаровски потпишавме договори за финансиска поддршка во износ од 17.500.000 денари, објави министерот Цветан Трипуновски.
Оваа активност се реализира во согласност со поднесено Барање од Управа за хидрометеоролошки работи за инвестициони вложувања за санација на метеоролошки станици, како и трошоци за набавка на хардвер и софтвер за хидрометеоролошка опрема и радарски систем и набавка на мали метеоролошки станици, техничка помош за одржување на системите за наводнување и одводнување, за користење на средства од Програмата за финансиска поддршка во руралниот развој за 2025 година во дел II став (2) мерка 1 Техничка поддршка во земјоделството и руралниот развој подмерка 1.7 Други трошоци и инвестициони вложувања за воспоставување и спроведување на мерките за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој точка 1.7.5 „Инвестициони вложувања за санација на метеоролошки станици, како и трошоци за набавка на хардвер и софтвер за хидрометеоролошка опрема и радарски систем и набавка на мали метеоролошки станици“ во износ од 17.500.000 денари.
Редовна и точна информација од Управата за хидрометеоролошки работи ќе го заштити земјоделството од непогоди.
Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close