fbpx
ВестиМеханизацијаТоп вести

Моќниот  трактор John  Deere 5075 3Б стигна и на македонскиот пазар

 

 

За прв пат на македонскиот пазар  пристигна трактор John  Deere 5075 3Б. Станува збор за моќен трактор со 75 КS и  ЕУ стандард на 3Б мотор увезен од Синпекс Битола, главен застапник на брендот John Deere во Македонија.

Ознаката 3Б  значи дека моторот е со  помала емисија на штетни издувни гасови во воздухот со 3 заштитни катализатори во моторот. Моторот се карактеризира  со добри перформанси,  што значи има подобра искористеност на тракторот на земјоделските површини во Македонија како и  подобра искористеност на снагата на тракторот во однос на коњските сили. Има многу мали губитоци што значи  дека има  94-95%  искористеност на снагата на тракторот.

 

По барање на клиентот за кој е увезен, тракторот има можност да извршува  различни операции. Располага со гуми подесиви во 8 позиции  што  овозможува вршење на различни операции.  Во зависност од позицијата на гумите  со тракторот може да се врши  сеење на житни култури или пак да се ора. Поголемото  растојание пак на задната  осовина  овозможува  да се ора и со поголеми плугови ( на пр. со тробразден плуг), вели Сашко Ефремов  комерцијалист за продажба на механизација, вработен во Синпекс Битола.

 

Исто така може да се стави  различна приклучна мехнизација,  како атомизери со поголем капацитет и друга механизација потребна за  извршување на  сите работи во полјоделство, овоштарство  и лозарство.

Тракторот е со високо ергономска заштитна кабина со клима греење и вентилација. Има подобра панорамска контрола на теренот со заштитни стакла на самата кабина. Кабината е фабрички  произведена во Германија и е  вградена на трактор произведен во Индија со високи  квалитети и перформанси  на моторот.

Со еден збор моќен универзален  трактор,  John  Deere 5075 3Б кој за парите што е увезен вреди многу повеќе.

Павлина Јовановска

Зелена берза

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close