fbpx
Без категорија

Молк од Антикорупциска и јавно обвинителство за шверцот на 100 тони на тутун

Обвинува Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Цели две недели слушаат и гледаат, а се прават и глуви и слепи, за шверцот на 100 тони тутун на Деве Баир во време кога Љупчо Николовски беше министер за земјоделие. Практично неколку месеци пред да се повлече од министерската позиција.
Дека се работи за организиран шверц, говори и фактот што увозникот без лиценца за увоз на тутун, кој практично не е увозник, туку е шверцер на тутун е близок до Љупчо Николовски и до градоначалникот на Крива Паланка, обвинува Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.
-Царинските службеници блиски до СДСМ кои го царинеле тутунот противзаконски односно дозволиле да биде увезен во Република Македонија, од обични службеници во Царинската управа сега се унапредени во раководител и заменик раководител на Царинската управа на граничниот премин во Деве Баир.
Молкот за шверц на 100 тони тутун признаен од Царинската управа, јавно признаен внимавајте, спротивно од насоките на фитосанитарниот инспекторат, само докажува дека некој сака да го сокрие целиот овој случај на шверц нормално за да не сноси никој одговорност. Кој ако не некој од високо во власта? Сите претпоставувате кој е тој што сака да го заташка целиот овој случај.
Антикорупциската комисија и јавното обвинителство се канцерот на системот кој треба да ја врати довербата кај граѓаните и кај институциите. Внимавајте не само што се канцер, туку се и голем срам за Република Македонија, на кои им се смеат сите секојдневно заради нивното непостапување, милион случаеви ниту една разрешница. Зошто? За тоа што го штитат криминалот и криминалците од власта, вели Арсовски.

https://24info.mk/%D0%B0%D1%80%D1%81%D0%BE%D0%B2%D1%81%D0%BA%D0%B8-D0%BC%D0%BE%D0%BB%D0%BA-%D0%BE%D0%B4-

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close