![](https://zelenaberza.com.mk/wp-content/uploads/2021/05/mkd-487010_800x450-780x450.jpg)
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести
Mрежи во Дојранското Езеро за време на забрана за риболов
Мрежите ќе бидат предадени на инспектор од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство
Полициски службеници од полициската станица за граничен премин Стар Дојран и од Стар Дојран, при контрола, во водите на Дојранското Езеро, во реонот на село Николиќ-Стар Дојран, пронашле девет рибарски мрежи за време на забрана за риболов.
Мрежите ќе бидат предадени на инспектор од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.