fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаРурален туризамТоп вести

Музеј сместен во тетовско Џепчиште ја има цела Македонија на неколку квадратни метри

Во куќата на Симеон Златев - Моне во една од собите е сместен најмалиот етно музеј во светот.

Сместено во подножјето на Шар Планина во прекрасна природа со земјоделска обработлива површина на околу 3 километри од Тетово, село Џепчиште може да се пофали со уште една карактеристика за развиено рурално село, особено за привлекување на туристи од целиот свет. Тука во куќата на Симеон Златев – Моне во една од собите е сместен најмалиот етно музеј во светот.

На површина од 7,5 метри квадратни метри, Моне во текот на целиот свој живот собира предмети од сите краишта на Македонија, но и како што вели предмети што се поврзани со Македонецот.

Досега музејот го посетиле илјадници луѓе од целиот свет. Музејот е промоција на земјата, а особено на тетовско и на село Џепчиште и причина повеќе за да во ова место заживее руралниот туризам, затоа што ги има сите предуслови.

-Поради музејот во село Џепчиште има дојдено илјадници луѓе од целиот свет.Доаѓаат странци, но уште еднаш се навраќаат да го видат музејот и селото. Јас сакав да студирам етнологија, но тогаш немаше такви студии и се запишав археологија, нешто поблиску до тоа што го сакав. Инаку јас за себе можам да кажам дека сум етнолог, целиот живот го посветив на оваа професија, собрав над 2000 предмети. Имам организирано стотина изложби а имам и повеќе предавања одржаноСтуденти имаат завршено на оваа тема, на тема на мојот музеј дипломирале. Тука снимале филмови, еден актер по низок раст ми вели најмалиот актер тука дојде да снима филм во најмалиот музеј, вели Моне.

Во музејот има над 2000 предмети. Од пред 25 милиони години како што е предметот од вулканска лава од Кратово, предмети од среден век, Отоманска империја, титово време, па се до денес. Најмалиот предмет е мало гумено топче за гласање, а најголемиот бронзена софра. Луѓето се интересираат и прашуваат. Со овој музеј и некои други активности кои може да ги понуди Џепчиште како организирање тури на Шар Планина, има тука исто така убави и стари цркви, може да се развие руралниот туризам во овој крај , а странците тоа го сакаат. Но, првенствено целта на музејот вели Моне е да ја покажам големата и долга македонска историја, повеќе нема потреба да ги покажуваме и да го докажуваме нашиот идентитет. Тоа го покажуваат самите предмети во музејот.

Мислам дека утре и задутре државата ќе најде можност да обезбеди простор, за овие предмети од историско и археолошко значење да можат да дишат. За мене сите предмети се интересни, но секогаш луѓето се заинтерисирани за нешто специфично. На пример тука се наоѓа ковчег од камила од 1896 година, кој мислим дека е единствен со пораки, знаци и обележја. Македонија е библиска земја не треба да се зборува многу за неа, тие самите предмети зборуваат за нашата историја, истакна Моне.Тука имав посетители од странство кои повторно доаѓаат. Има интересова е необичен музеј може да се фати предметот, а нема влезница. Мене ми е доволно што можам да ја покажам нашата историја, раскажува Моне.

Моне вели дека музејот е неговиот живот, па дури и напишал како што вели химна за музејот која следи подолу во текстот:

Не оставив прашината да ги покрие сеќавањата.

Го бележав времето што одминуваше, како што прилегаше на вистината.

И по мене нема да се забележи дека корените на македонскиот библиски народ се оштетени.

Етносот и понатака ќе тече низ жилите на вечната мудрост.

Моне со музејот конкурирал во Гинисовата книга на рекорди, од каде се уште чека одговор дали неговиот музеј ќе биде впишан, а со тоа и македонската историја на неколку квадратни метри ќе биде впишана во Гинис. Така вели промоцијата ќе биде уште поголема во светски рамки, а светот ќе дознае за рурално Џепчиште, но и за Македонија која е сместено во моето родно село, во мојот живот, во мојот музеј.  

Зоран Димовски за Зелена берза

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close