Зголемено производството на овчо и козјо, а намалено на кравјото млеко

(Oвој напис е објавен на: February 24, 2017)

Производството на кравјо млеко во 2015 година е намалено за 6,7 отсто во однос на 2014 година и изнесува 361.072 илјади литри.

zgolemeno proizvodstvo na ovcho i kozjo a namaleno na kravjoto mleko

 

Зголемување на производството во 2015 година е забележано кај овчото млеко за 14.3 отсто и кај козјото млеко за 14.6 отсто.

Вкупното производство на месо е намалено за 3.3 отсто, но производството на свинско месо е зголемено за 9.5 отсто во однос на претходната година.

Од другите добиточни производи, во 2015, забележано е зголемено производство на волна, а намалено производство на јајца.

Share Button