fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

МЗШВ добива систем за следење на функционирањето на земјоделските задруги

Целта на системот за следење е прибирање на податоци за земјоделските задруги и нивните членови (земјоделските стопанства), следење на резултатите од нивното работење преку пресметка на утврдени индикатори, како и следење на ефектот на националната програма врз нивниот развој.

Министерот за земјоделие Арјанит Хоџа, заедно со проектниот менаџер на CARE International, Драган Периќ, денеска го потпишаа сертификатот за примопредавање на Системот за следење на функционирањето на земјоделските задруги.
Овој систем е изработен за потребите на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, со поддршка од проектот „Поддршка за развој на земјоделски задруги“, финансиски поддржан од Европската Унија, а имплементиран од CARE International и Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП).
Целта на системот за следење е прибирање на податоци за земјоделските задруги и нивните членови (земјоделските стопанства), следење на резултатите од нивното работење преку пресметка на утврдени индикатори, како и следење на ефектот на националната програма врз нивниот развој. Здружувањето во задруги е една од нашите развојни компоненти, со кои земјоделскиот сектор станува поконкурентен, а имплементацијата на системот за следење ќе овозможи детален приказ на постигнатите резултати.
Тагови

Слични написи

Back to top button
Close