fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

МЗШВ: По барање на земјоделците до 14 јули се продолжува рокот за аплицирање за субвенции 2023

Земјоделците своите барања можат да ги достават секој работен ден во канцелариите на подрачните единици на министерството или електронски преку веб страната на АФПЗРР

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги информира земјоделците дека до 14 јули 2023 година се продолжува рокот за аплицирање за директни плаќања по програмата за финансиска поддршка во земјдоелството за 2023 година, за растително и сточарско производство.

Земјоделците своите барања можат да ги достават секој работен ден во канцелариите на подрачните единици на министерството или електронски преку веб страната на АФПЗРР https://e-subvencii.ipardpa.gov.mk/perun/index.html

Продолжувањето на рокот за аплицирање за субвенции 2023 е по барање на земјоделците, со цел да се излезе во пресрет на сите земјоделци кои досега не стигнаа навремено да аплицираат.

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close