fbpx
Агро бизнисВестиМакедонија

МЗШВ прави напори за зголемување на извозот на свежо овошје и зеленчук во Словенија

На денешната средба со амбасадорот Милан Предан се разговараше за поддршката што неизмерно ја добиваме од Република Словенија во евроинтеграциските процеси, како и мерките што ги презема МЗШВ за да помогне во намалувањето на последиците од кризата преку зголемување на извозот на свежо овошје и зеленчук, објави МЗШВ .

Ја продлабочуваме и продолжуваме соработката со Словенија во областа на земјоделството. На денешната средба со амбасадорот Милан Предан се разговараше за поддршката што неизмерно ја добиваме од Република Словенија во евроинтеграциските процеси, како и мерките што ги презема МЗШВ за да помогне во намалувањето на последиците од кризата преку зголемување на извозот на свежо овошје и зеленчук, објави МЗШВ .
Голем број словенечки експерти го помогнаа процесот на усогласување на законската регулатива на Македонија  со Словенија , а преку ИПА проектите е обезбедена значајна поддршка во процесот на институционално зајакување на Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство и сродните институции со цел да се исполнат стандардите и критериумите на ЕУ.
Преку Акциските планови за соработка помеѓу нашите министерства даваме силна поддршка на здруженијата на млади земјоделци, поддршка на жените во руралните средини, развој на агротуризмот, и изградба на системи за еколошка заштита на природата.
Тагови

Слични написи

Back to top button
Close