Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести
МЗШВ со јавен повик за организирање на манифаестации и саеми за промоција на земјоделски производи
Повикот е отворен и ќе трае заклучно со 22.04.2022 година. На веб страната на МЗШВ објавен е новиот јавен повик кој овозможува финансиска поддршка до 120 000 денари по корисник.
После две години пауза поради Ковид-кризата, ја продолжуваме поддршката за организирање на манифаестации и саеми за промоција на земјоделски производи.
На веб страната на МЗШВ објавен е новиот јавен повик кој овозможува финансиска поддршка до 120 000 денари по корисник. Ги повикувам единиците на локалната самоуправа, здруженија од областа на земјоделството и руралниот развој, стопанските комори и задруги да аплицираат на јавниот повик за користење на техничката поддршка од Министерството, со цел организирање на промотивни настани за земјоделски производи.
Повикот е отворен и ќе трае заклучно со 22.04.2022 година.
Повеќе информации на следниот линк:http://www.mzsv.gov.mk/Events.aspx?IdRoot=1&IdLanguage=1&News=2565&fbclid=IwAR1HBiNWf7jKAgAck2qBcnBRYsRw4PAjuvPxdyJrlarIAS-bZaIQj3GJkWk